Жуниор дош Сантос падна на допинг тестот

Жуниор дош Сантос е повлечен од борбата со Френсис Нгану на УФЦ 215.

Поранешниот шампион требаше да се појави на 9 септември во Калгари во Алберта, само четири месеци по нокаутот од Стипе Миочиќ.

Но, 33-годишниот Бразилец беше позитивен на допинг-тестот на примерок земен од мечот на 10 август.

УФЦ бара нов противник на Нгану, кој го изрази своето незадоволство и преку социјалните мрежи.

„Многу сум лут. Речиси завршив со тренинг кампот, а штотуку објавија дека мојот противник отпаднал од УФЦ 215“, напиша 30-годишниот Французин.

Американската анти допинг агенција не објави што е позитивен, туку го означи како потенцијален прекршувач на анти-допинг регулативите. Пред изрекувањето на казната ќе имаат можност да ја докаже својата невиност пред Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON