Легендарниот Жорж Сент Пјер се враќа во октагонот по долго отсуство, притоа ќе се сретне со шампионот во средна категорија на УФЦ, Мајкл Биспинг. Се уште нема официјален датум за нивниот дуел.
Макар и што не влегол во битка речиси четири години, Раш мисли дека во моментов се наоѓа на врвот на својата кариера. Тој сака да се приклучи на Бј Пен, Ренди Кутур и Конор Мек Грегор како единствени борци кои во сопственост имаат појаси на две различни категории од УФЦ.
Запрашан кој според него е најдобар паунд-фор-паунд борец на светот, ГСП изјави дека тоа е Хабиб Нурмагомедов.
„Всушност, мислам дека најдобар паунд-фор-паунд борец на светот е Хабиб Нурмагомедов. Секогаш сум го кажувал тоа. За жал, луѓето не го вреднуваат доволно. Можеби затоа што не е Американец, ниту, пак, е некој кој зборува глупости, слично на Конор Мек Грегор. Тој е човек кој ги почитува другите, кој не крева врева говорејќи“.
„Како што рековм и за самиот себе, треба да зборува само твоето дело. Тој се уште е непоразен, а додега ги победил сите негови противници. Жалам што му пропадна мечот со Фергусон. Требаше да биде неверојатен дуел“.
ЖСП призна дека не би можел да се симне во лесна категорија за да ги тестира своите вештини против Хабиб.
„Навистина ми се допаѓа хабиб. Би било лудница да се борам со него. Покрај него, на 155 фунти се уште Конор и Тони Фергусон. И самиот не знам што ќе правам. Ако го победам Биспинг, може и да останам на 185. Може и да предизвикам некого на 170. Но, поради начинот на кој е изградено моето тело, не би можел да се симнам до 155. Би било премногу тешко да се скинат овие килограми“.
.