Жртвата на пукањето на Каин Веласкез првпат проговори во јавноста откако вчера на поранешниот ММА борец му беше одбиена кауцијата.
Во февруари, 64-годишниот Пол Бендер возел автомобил врз кој Веласкез отворил оган за време на бркотницата. Се верува дека целта бил друг патник во автомобилот – Хари Голарте, кој го силувал малиот син на Каин.
Откако судот по вторпат одби да го ослободи Веласкез, Бендер даде изјава.
„Моето име е Пол Бендер. Јас сум човекот кој го возеше автомобилот и човекот кој беше застрелан од Каин Веласкез на 28 февруари. Се придржувавме до судскиот налог да добиеме ГПС уред за Хари кога Каин Веласкез почна да не брка. Тој стрелаше во нас и ни помина со голема брзина. Успеавме да застанеме во близина на училиште и Каин Веласкез повторно пукаше кон нас, погодувајќи ме, повеќе не можам да се користам три прста и не можам повеќе да работам како возач, бидејќи не можам да ги положам физичките тестови. Сè уште не знам дали оваа загуба е привремена.
Каин Веласкез не го цени човечкиот живот. Можеше да пука во семејството кое се движеше во автомобилот до нашиот, невини пешаци, па дури и деца. Воопшто не го интересира законот и нема почит кон него. Ако му се укаже можност, веројатно ќе го заврши започнатото. Никакви ограничувања и набљудувањата на ГПС нема да го спречат. Ве молам заштитете го моето семејство и целата заедница од Каин Веласкез и не го ослободувајте“.