|Жртвата на Мек Грегор: Тој е само еден насилник со пари (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор во април годинава направи скандал, во еден бар во Даблин физички напаѓајќи постара личност само затоа што не сакаше да пие од неговото виски. Неодамна беше објавено и видео од инцидентот кој ја шокираше јавноста.

Причина за нападот е бизарна. Гостинот одбил да се напие од неговиот Пропер 12 виски, кој инаку не пиел виски, па Конор одлучил физички да се пресмета. За првпат и жртвата се обрати пред јавноста нарекувајќи го Мек Грегор насилник со пари.

„Можам да примам удар, но ете тој се насрна одеднаш. Бев во оток околу седум дена. Тој не ми се допаѓа воопшто. Секако, и претходноимаше лоша репутација, затоа што едноставно се работи за насилник. Тој што и да прави во животот не може да биде ништо друго освен насилник, насилник со пари“, истакна жртвата на Конор, при што рече дека не го интересираат пари туку правда.

Се огласи потоа и самиот Мек Грегор кој испрати извинување за своите потези…

„Човекот си го заслужи својот мир. Погрешив, преземам целосна одговорност. Што и да се случи со овој случај, ќе се соочам. Моето однесување е неприфатливо“, рече МекГрегор за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON