Жорж Сент Пјер потпиша договор за мечот со Биспинг

Канадската ММА легенда Жорж Сент Пјер официјално потпиша договор за неговото враќање во октагонот.

Поранешниот шампион во полсусредна категорија на УФЦ ќе се бори против Мајкл Биспинг (Англија) на 4 ноември. Нивниот меч ќе биде главниот настан на УФЦ 217.

Во нивниот меч залог е титулата во средната категорија. Во моментов таа е во сопственост на Британецот.

Сент Пјер се пофали на социјалните мрежи за потпишувањето на договорот. Шоуто ќе се одржи во Медисон сквер гарден, Њујорк. Канаѓанецот требаше да се врати порано во текот на годината, но побарал дополнително време за подготовки.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON