Жорж Сент Пјер откри со кои двајца големи борци сакал да се бори пред да се пензионира

Жорж Сент Пјер (41) ја заврши својата успешна ММА кариера во ноември 2017 година кога го победи шампионот Мајкл Биспинг во дебито во средна категорија и го освои појасот на УФЦ.

За канадската легенда на боречките вештини тоа беше 13-та победа во низа и 26-та во кариерата (со два порази), со која ја освои и втората шампионска титула на најголемата светска ММА организација.

Долгогодишниот владетел на УФЦ во полусредна категорија во едно неодамнешно интервју откри дека донекаде жали што не се борел со Андерсон Силва и Хабиб Нурмагомедов во текот на неговата кариера.

„Сакав луѓето да ме паметат како најдобриот борец во историјата. Отсекогаш сум сакал да бидам најдобар“, изјави Жорж Сент Пјер и откри како сакал да се бори против двајца подеднакво големи борци:

„Првата е против Андерсон Силва, а втората против Хабиб. Но, имаше причини зошто тие натпревари никогаш не се случија“.

Поранешниот двократен шампион се обиде да го објасни тоа…

„Кога си борец, ти треба противник и организатор за да договори меч. Дури и кога и двајцата сакаат борба, а промоцијата не сака, тој меч-борба нема да се случи“, рече Жорж Сент Пјер и заклучи:

„Секој борец ги изнесува своите услови, потоа се преговара и промоторот ја организира борбата. Тоа никогаш не се случи со Силва и Хабиб“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON