Жорж Сент Пјер: Не постои такво нешто како „најлош човек на планетата“

Доста често, кога станува збор за шампион во тешка категорија, навивачите и коментаторите го нарекуваат „најлошиот човек на планетата“. Легендарниот шампион на УФЦ, Жорж Сент Пјер е на мислење дека таков борец не постои, затоа што во одреден момент секој може да биде поразен и на овој свет нема непобедливи.

ЖСП, кој се смета за еден од најдобрите во историјата на ММА, исто така бил поразен, но е и се реванширал на борците кои успеале да го поразат.

„Не постои такво нешто како „најлош човек на планетата“. Нема непобедливи на овој свет и тоа што си шампион не значи дека нема човек на планетава кој во одреден ден, време и момент нема да може да те победи. Секогаш постои некој кој може да те победи.

Не се сметам за најголем борец во историјата, бидејќи бев само шампион во одреден ден, време и момент. Секој може да изгуби, името „најлошиот човек на планетата“ е илузија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON