Жорж Сент Пјер е уверен дека може да го победи Хабиб Нурмагомедов

Повлекувањето на Хабиб Нурмагомедов остави многу љубители на ММА со неодговорени прашања и мечеви од соништата кои никогаш не се реализираа.

Меѓу мечеви кои не се случиле, како најголема борба се издвојува хипотетичната средба Хабиб против Жорж Сент Пјер. Неодамна „ЖСП“ изнесе размислувања дали може да го победи Нурмагомедов. Сент-Пјер дури и ја истакна својата стратегија за таква борба.

Сент-Пјер беше запрашан дали верува дека може да победи борци како Конор Мек Грегор и Хабиб ако тренира шест месеци, а неговите противници го прават истото. Одговорот на „ЖСП“ беше сигурен:

„Што ако го сторам истото? Што ако имам мотивација да го направам тоа? Да, верувам дека можам да победам. Јас сум подинамичен. Да, сакам да експлодирам.

Значи, тоа е една од моите силни страни во која Хабиб е многу добар. Тој е многу силен во изометриска сила како што слушнав. Мислам дека би можел да го соборам на земја. Мислам дека и тој може да ме собори“, изјави Сент Пјер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON