Жорж Сент Пјер добил понуда да се приклучи на ВВЕ

Поранешниот шампион на УФЦ, Жорж Сент Пјер доби понуда да се приклучи на ВВЕ/WWE.

Легендарниот борец изјави дека луѓето од ВВЕ се сретнале со него и му дале понуда, а тој ги препратил до неговите агенти. ЖСП е подготвен да го проба новиот предизвик, но не сака постојано да се знимава со него. Тој се согласува да учествува на специјален настан, но не и да му стане работа.

„Тоа е еден вид натпревар и не знам дали сум подготвен да се вратам на таков начин на живот. Ако го прифатам, ќе има поголема веројатност да се појавам на посебен настан. Не знам дали сакам да потпишам договор со нив и секој ден да се занимвам со тоа. Тие разговараа со мене и побараа контакт со моите агенти, а јас и го дадов нивниот број. Не сакам ова да ми биде редовна работа.

Мојот најголем страв во борбите не беа ударите што ги добивам. Често штетите/повредите што ги добиваш доаѓаат од начинот на тренирање. Мојот најголем страв беше стресот што го чувствував. Сите знаеме дека тоа е причина за рак.

Пред неколку месеци, ЖСП официјално се повлече од ММА на прес-конференција. Тој забележа 26 победи и 2 порази и ја прекина ММА серијата од 13 последователни победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON