Животниот деловен потег на Тајсон: Дали знаете колку заработува Железениот Мајк од своето царство на канабис?

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон во Калифорнија има плантажа за марихуана од која заработува вистинско богатство.

Мајк Тајсон кој како боксер заработи повеќе од 300 милиони долари, но исто така заработи и затворска казна за потоа два пати да банкротира, сега е успешен бизнисмен.

https://twitter.com/LiveCBDHealthy/status/1221429514733019139?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1221429514733019139&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Fk1-i-boks%2Ftysonov-poslovni-potez-zivota-jeste-li-znali-koliko-iron-mike-zaraduje-od-svog-carstva-kanabisa%2F10170433%2F

Тајсон (54 години) во сојузната држава Калифорнија има лиценцирана фарма за производство на масло од канабис која му носи месечна заработка помеѓу 500.000 и еден милион долари.

Поранешниот боксер во Калифорнија има ранч од 418 хектари на кој има и луксузен хотел, а планира да им помогне и на останатите производители на марихуана. Тајсон од 2016 година има лиценца за производство на канабис во медицински цели.

https://www.instagram.com/p/B1J0fpbhYs0/?utm_source=ig_embed

„Боксирав повеќе од 20 години и телото ми е уништено. Имав две операции после кои почнав да користам марихуана. Лековите кои ми ги даваа докторите не делуваа како што тоа го прави марихуаната. Мислам дека на овој начин можам да им помогнам на многу луѓе, предностите на канабисот се лечење на болките во мускулите и артритис – изјави Тајсон, кој признава дека знае да „испуши“ марихуана во вреднос од неколку илјади долари месечно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON