Живко Дракуловски: Во борбите Масао Кагава го има инстиктот на Таиџи Казе! (ФОТО)

 Kagava i Zivko

Македонската карате шото организација (МКШ), која е сертифицирана членка на Јапонската карате шото федерација (ЈКЅ/ЈКС) во Охрид по 16 пат го организира тренинг кампот „Охрид интернационал 2015“во хотелот „Орце Николов“, при што ќе се одржат два семинари со живата легенда на каратето Масао кагава. На првиот семинар (29 и 30 јули) со Кагава ќе се работат техники, кати и ВКФ натпреварувачки кати, а на вториот (2 и 3 август) техники, кумите и ВКФ натпреварувачко кумите.

Директор и директно одговорен за кампот и семинарот е Живко Дракуловски, претседател на МКШ и на Балкан ЈКС, што вусшност и беше повод за разговор со него.

„Со години баравме комплетен карате тренер, за да го поканиме за тренинг камп. Масао Кагава го запознав 2010 година за време на Светското првенство во Белград“, вели сенсеи Живко Дракуловски за светски познатиот јапоснки каратист и стручњак, при што додава: „Преговаравме во Бремен, минатата година, за време на Светското првенство. Тогаш вети дека ќе дојде во Македонија“.

22nd-world-senior-karate-championships-986 kagawa

Тој доаѓа директно од Токио, само за нас, ќе рече претседателот на Македонската карате шото организација, Дракуловски, и ќе додаде дека тој два дена ќе држи ката семинар, два дена ќе паузира,односно ќе се дружи и одмора, а потоа два дена се наменети за спортско ВКФ кумите. Дракуловски објаснува дека во март бил на семинар во Унгарија, а Кагава имал дводневни семинари во скоро сите земји од Европа, почнувајќи од Ирска, па Шкотска, Англија, Франција итн и да потенцира дека сега доаѓа само за нас.

„Кај него може да се почувствува духот на каратето како вештина, темелно и целосно, гледајќи од сите психофизички аспекти. Оние, на кои тоа и им недостасува, ќе го видат заншинот кај него. Кај Масао Кагава на тренинзите можат да присуствуваат и тренери кои сакаат да го почуствуваат темелот на каратето, како психофизичка вештина за самоодбрана, но и тренери и натпреварувачи кои се стремат за медали од светски првенства и тоа во двете дисциплини, кати и кумите. Затоа тренинг кампот е поделен на два засебни семинари“, појаснува Дракуловски.

Masao kagava

Првиот семинар е на 29 и 30 јули на кој ќе стави акцент на подготовката за натпревари во кати, а вториот семинар, на 2 и 3 август, ќе биде наменет за сите кумите тренери и натпреварувачи, без оглед на стилот што го вежбаат.

„Лично (спомнувајќи ги и тренерите Драган Савиќ- Ѓоко , Владимир Јорга, Илија Јорга, Душан Маринковиќ и други), сум вежбал скоро кај сите јапонски инструктори кои се појавиле во Европа и нашиве простори. Ќе спомнам некои од нив: Еноеда, Каназава, Нишијама, Шираи, Като, Кога, Такаши и други, но, најмногу, кај нашиот повеќе децениски учител Таиџи Казе. Знам дека и Масао Кагава има голем респект кон него. Во делот на борбите, како да го има неговиот инстинкт, кој беше многу ценет.

Може да нагласам дека во делот на биомеханиката на движењата и катите, Кaгава како да ја собрал перфекцијата од сите и да го сублимирал значењето објаснето од основачот на модерното карате, Фунакоши Гичин и неговите наследници, Накајама, Асаи и други, меѓу кои и „нашиот“ Казе. Кај него ги гледаш сите аспекти за сумирање на сили во една карате експлозивна завршница, од аспект на колкови, ставови, влечење и се друго, теоретски објаснети со физиката како наука“, појаснува Дракуловски.

Тој истакнува дека пет години преговарале за неговото доаѓање во Македонија, а поканата му била упатена на СП во Белград, исклучително заради спортскиот аспект на каратето кај нас, со кое се живее и се водат клубови. Барем за повеќето, кои го сакаат каратето како вештина и го вежбаат, натпреварите им се примарни. Затоа Дракуловски вели дека никогаш не помислил да ја напушти Карате федерација или порано Карате сојузот на Македонија, без оглед која гарнитура била на чело, за вовлекување во некои асоцијации со квази спортски карате натпревари.

„Масао Кагава е еден од ретките, од каде што потекнува каратето, кој успеал од вештината целосно да навлезе и во спортскиот аспект. И тоа во широко прифатениот аматерски, олимпискиот правец на спортските карате- натпреварите. Тој, дури е и претседател на Советничката техничка комисија на Светската карате федерација (ВКФ). ВКФ е единствена карате федерација во светот која е признаена од Олимпискиот комитет“, потенцира тој.

Слично како и Таиџи Казе, кој 1956/57 година прв го применил ножниот удар уширомаваши, така и ученикот на Масао Кагава на Светското првенство во Белград, прв успешно примени ножен удар, прво наречен мајмунски, а потоа „шкорпион“ и тоа против актуелниот светски шампион Рафаел Агаев. Спортистот за тој удар доби три поени. Се уште има дилеми за бодување на успешно изведен „шкорпион“, контролиран удар во понтирачката регија, кој натпреварувачот го изведува, а не може да го види поради природата на биомеханиката. Правилата го дозволуваат тоа.

„Карате спортот во стремежите да влезе на Олимпијада, слабее заради постоењето на некакви асоцијации кои организираат квази натпревари со архаични правила до еден поен, со разноразни заштитни реквизити, па дури и хируршки ракавици. Таквите асоцијации организираат натпревари со правила различни од судиските правила на ВКФ и му прават штета на на карате спортот во стремежот за влез на Олимписките игри“, категоричен е Дракуловски.

https://youtu.be/LgbzTw6mTyM

Кога еден тренер од Турција слушнал за кампот со Масао Кагава во Македонија извикал „бинго“. Турскиот тренер рекол дека тоа е лото добивка за Македонија.

„Поздрав до сите љубители на карате вештината и спортот. Најдете време и присуствувајте на некој од тренинзите на Масао Кагава“, порачува директорот на кампот Живко Дракуловски.

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON