Кинескиот тешкаш Жилеј Жанг во средината на април го победи Џо Џојс со прекин во шестата рунда на боксерскиот настан во арената „Капер бокс“.
Со таа победа Жанг го освои појасот на привремен шампион на ВБО и ги прозва најдобрите борци во тешка категорија.
Но, засега нема да добие меч за титулата, бидејќи Британецот ја активирал клаузулата за реванш кој треба да се одржи на 2 септември повторно во Лондон.
Жилеј Жанг до август минатата година беше непоразен, но потоа загуби од Филип Хрговиќ на настанот во Џеда.
Најдобриот хрватски боксер со едногласна одлука на судиите ги совлада Кинезот.
Жанг има 40 години и ова е веројатно неговата последна шанса со победа да го потврди местото на врвот во тешка категорија и може да се надева дека ќе се бори за светската титула.