Борбата за титулата во полутешка категорија меѓу Гловер Тешеира и Џамахал Хил е водечка на УФЦ 283 на 21 јануари во Рио де Жанеиро.
Во конасловната борба, по четврти пат ќе се соочат најдобрите борци во мува категорија, шампионот Деивсон Фигуердо и Брендон Морено.
На програмта на одличниот настан во Бразил се најде и пресметката меѓу Жилберт Барнс и Нил Мањи.
Натпреварот на Дуриња против Мањи доаѓа по поразот од Хамзат Чимаев во една од најдобрите борби во последните години.
Бразилецот најави дека нема да му биде доволна само победа, сака противникот да го заврши со прекин.
„Навистина ми треба тоа, бидејќи целиот тренинг камп е различен за мене. Сакам да победам со прекин. Многу тренирам за да го постигнам тоа. Не сакам да зависам од судиите, никогаш не сум го сакал тоа, особено по последната борба. Мањни е сериозен противник, но сакам да го победам за 15 минути“, изјави Жилберт Барнс.
Американецот во последната борба во ноември со завршница го победи Даниел Родригез.