Кормиер: Доколку Волкановски го победи Махачев, тоа ќе биде најголемото изненадување во историјата на ММА

ДК смета дека на Махачев со ништо нема да биде загрозен од Волкановски со она што располага, а мечот е за нешто повеќе од еден месец.

УФЦ 284 е закажан за нешто повеќе од еден месец, но веќе во изминатите неколку месеци многу се зборуваше за главната борба на вечерта, а тоа е борбата за појасот во лесна категорија меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски. Уште од октомври минатата година и настанот УФЦ 280, се знаеше дека Волкановски е следниот предизвикувач во лесна категорија, а победникот меѓу Махачев и Оливеира само го чекаше.

Махачев ја однесе победата таа вечер и тоа со многу доминантен тон. Во Абу Даби го победи Оливеира со принуда и се закити со појасот, а веднаш Волкановски влезе во неговиот кафез и го предизвика. Од тој момент почнаа разни теории и визии за овој меч, но најмногу им е заедничко дека Махачев ќе победи.

Така мисли и Даниел Кормиер, кој изјави и дека победата на Волкановски ќе биде најголемото изненадување во историјата на ММА:

„Имаше многу изненадувања во ММА спортот, но според мене, ако Волкановски го победи Махачев, тоа ќе биде најголемо. Тоа би било поголемо од се што сме виделе досега, затоа што ви велам, кога ќе навлезете во деталите за овој меч, ќе сфатите дека тоа е страшно тежок натпревар за Волкановски. Тоа е затоа што неговите вештини се скроени за Махачов“, рече ДК во својот подкаст.

„Волк е многу големо момче, сетете се колку беше голем кога играше рагби. Но, тоа не е важно, бидејќи е многу понизок, а тоа е во корист на Махачев. Мислам дека тоа би било најголемото изненадување во историјата на ММА“, заклучи Кормиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО