Двајца поранешни предизвикувачи за титулата во полусредна категорија ќе се борат на УФЦ 264, што ќе се одржи на 10 јули. Жилберт Барнс и Стивен Томпсон дадоа вербална согласност за борбата. Веста ја соопшти ЕСПН на социјалните мрежи.
Барнс има учинок 19-4 во ММА и веќе има направено една борба годинава. Ја загуби шансата за титула од Камару Усман, кој го нокаутираво февруари. Овој пораз ја сопре серијата од 6 последователни победи. Жилберт заврши 14 свои мечеви, а само во две борби тој беше завршен.
Томпсон, пак, има учинок 16-4-1 во ММА и е во серија од две последователни победи. Стивен заврши 8 свои противници и загуби само еднаш. Вондербој победи на три од последните седум борби во УФЦ.