Бразилската ММА ѕвезда Жилберт Барнс е подготвен да го запре Хамзат Чимаев. Тие ќе се борат во полусредна категорија на УФЦ 273 на 9 април во Флорида. Барнс е поранешен предизвикувач за титулата и е меѓу најдобрите во дивизијата.
Оваа битка ќе покаже какво е вистинското ниво на Чеченецот. Брнс последен пат се бореше во јули 2021 година и го победи Стивен Томпсон во здодевна битка. Пред тој меч беше нокаутиран од Камару Усман во борба за титулата во категоријата.
Жилберт загуби само од Усман во неговите последни 8 УФЦ борби. Во интервју за ТМЗ „Дурињо“ тој ја коментираше средбата со Чимаев.
„Битката со Хамзат Чимаев ќе биде главната битка за навивачите. Возбуден сум. Барав борба, но никој не прифати. И Чимаев сакаше да се бори, но никој не прифати. На многу прашања ќе одговорам во април во оваа битка.Мислам дека Хамзат е многу тежок и добар борец.
Сепак, тој никогаш не сретнал борец како мене кој е добар во секој аспект од борбата. Сум бил многу пати во УФЦ и имам искуство. Ја сфаќам битката сериозно, бидејќи е опасна. Совршеното сценарио е да го нокаутирам. Нема да биде лесно, бидејќи тој е гладен за успех и ќе сака да се претстави добро.
Истиот сум и се гледам со кренати раце. Не знам како ќе победам. Тоа може да биде нокаут или завршница. Средбата нема да стигне до одлука. Ќе го завршам за 2 или 3 рунди. Ќе биде тешка борба и нема да се дојде до одлука.
Имаше некои борци кои сакаа да се борат со Чимаев. Добив шанса и среќен сум затоа што ќе покажам како може да се победи Чимаев“, рече Барнс.