Шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања стана мета на жестоки напади по непримерната реторика пред неговиот меч за појасот против кубанската ѕвезда Joел Ромеро на 7 март. Нигериецот направи поистоветување со терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД.
„Ќе го рокнам како кулите близначки, кога ќе го погодам со моите удари“, рече Адесања.
Еден од најголемите претенденти во категоријата Пауло Коста реши да одговори на овие зборови.
„Одвратен си. Како си дозволуваш вака да говориш и неумесни шеги наспрема илјадниците луѓе што умреа и хероичните пожарникари и полицајци ? Ќе те убијам во кафезот“, рече Коста.