Хенри Сехудо го навреди Мек Грегор

Шампионот во петел категорија на УФЦ, Хенри Сехудо, го нападна Конор Мек Грегор. Американецот, кој е олимписки шампион во борење, ја спореди ирската суперeрѕвезда со неговиот голем непријател, Хабиб Нурмагомедов.

„Конор сака да ги тепа старите луѓе. Прави терористички напади во нашата земја и мисли дека може да добие нов меч за титулата со Хабиб“, рече Сехудо и додаде: „Го познавам Хабиб. Тој е човек со чест и достоинство за разлика од Конор“.

Сехудо ретко ги пофалува своите колеги. Тој неодамна го нападна сонародникот на Нурмагомедов, Питер Јан и го нарече грд комунистички компир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО