Речиси 500 борачи, меѓу кои и олимписки и светски шампиони, ќе бидат во Тирана на вториот рејтинг турнир сезонава – „Мохамед Мало“. Ова ќе биде најконкурентниот натпревар за заработка на поени за ранг-листата на УВВ, мало светско првенство!
Иран, Јапонија, Украина, Грузија, Ерменија, Кина, Казахстан, Киргистан и САД ги испраќаат своите најдобри селекции на турнирот кој ќе се одржи од 26 февруари до 2 март.
На прелиминарниот список се најавени четворица олимписки шампиони, од кои двајца од Бугарија – Семен Новиков и Магомед Рамазанов. Останатите се Иранци – Саид Есмаили Лејвези во категоријата до 67 килограми грчко-римски стил и Мохамадхади Сарави во категоријата до 97 килограми во истиот стил.
Ќе учествуваат вкупно 15 спортисти со медали само од минатата Олимпијада во Париз, која беше лани.
Напоменуваме дека до 3 дена пред почетокот на турнирот може да се направат измени на листите и тие во овој момент не се конечни.