Уште помалку од еден месец до боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану. Поранешниот шампион на УФЦ ќе дебитира во боксерскиот ринг против еден од актуелните најдобри светски тешкаши.
А Камерунецот за тој меч побара помош од легендарниот Мајк Тајсон, кој со задоволство ја прифати поканата.
Пред настанот кој ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија беше организиран отворен тренинг на кој учествуваа Нгану и неговиот тренер Ајрон Мајк.
Многумина беа разочарани од она што го покажа Френсис, но Мајк Тајсон е задоволен, истакнува дека секојдневно се подобрува.
„Не можам да го учам Нгану на начинот на кој се занимавав со бокс. Имаме различни стилови и нема да боксира како мене. Френсис ќе боксира во свој стил, тој е многу добар во тоа. И тоа не е за секого. За мене тоа е одлично, а повеќето мислат дека не е добро“, истакна Мајк Тајсон и подвлече:
„Ќе видите како постојано се подобрува. Мило ми е што можам да му помогнам и што ставивме се во ред. Нгану се бори со еден од најголемите борци, а можеби и најдобриот боксер во историјата. Со нетрпение го чекам тој натпревар и мило ми е што го турнав да го испроба невозможното“.