Каратистот Жарко Арсовски (КК Макпетрол) годинава направи промена во категоријата и, според многумина, тоа беше невозможна мисија да се избори место во репрезентацијата на Македонија за Европското првенство во Монпелје, Франција, во најтешката категорија над 84 килограми. Како ненадминлива пречка го имаше носителот на бронзените медали од Европското првенство и од Европските игри минатата година.
До Карате 1 Премиер лигата во Салзбург во предност беше Мартин Несторовски, но Арсовски во Австрија се избори за бронзнеиот медал, а каратистот на Металург загуби во првото коло, со што на штипјанецот му беше отворена вратата во репрезентацијата.
„На Светската премиер лига во Салзбург, која беше последна проверка пред Европското првенство, натсапив во тешка категорија над 84 килограми и го освоив бронзениот медал. Тоа за мене е голем поттик за создавање позитивна клима и самодоверба за прикажување на добар настап на Европското и Светското првенство. Годината почна лошо, бидејќи на Балканското првенство во настапот во категорија изгубив во првото коло.бев многу разочаран од самиот себе, затоа сто многу се подготвував за овој настап. Сепак, успеав да се соземам и утредента на екипниот настап имав солиден учинок со две победи и еден минимален пораз и го освоивме сребрениот медал. Тоа ми даде самодоверба која што ја искористив на наредниот контролен турнир на Светскиот куп –Лашко во Словенија, каде што за влакно ми избега финалето, а веднаш потоа и бронзата“, истакнува Арсовски.
Според него, од тој настап и формата била во нагорна линија. Иако не освои медал, тој е задоволен од тој настап поради трите победи.
„На последниот турнир, вооедно и најсилент од овој циклус, во Салзбург, ги средив мислите, формата беше крената уште повекје и успеав да стигнам до бронзата и да обезбедам место во репрезентацијата“, вели Жарко.
Ова е голем предизвик пред сениорското ЕП во Франција, а бидејќи Македонија редовно се враќа со медали од шампионатите, исто така и од Арсосвски се очекува многу, однонсо да атакува на медал.
„Задоволен сум од формата. Заедно со мојот другар Емил Павлов од Карате клубот Штип и мојот тренер Сашко Арсовски, мојот брат, ќе се обидеме да ја кренеме формата до максимум и во одлично светло да ја представиме нашата држава и нашата Федерација. Среќен сум што по пет години повторно сум во репрезентацијата и ќе се обидам максимално да ја оправдам довербата. Ќе се борам до последен здив за да постигнам резултат на Европското првенство“, категоричен е Арсовски.
Сепак неговиот пат не беше лесен, бидејќи помина во најтешката категорија, а минатата се бореше до 84 килограми. Од друга страна, голема препрека беше Мартин Несторовски, кој минтата година освои две бронзи и триумфираше на годинашново Државно првенство.
„Имав тешка конкуренција. Успеав да обезбедам место пред моите ривали, а тоа е стимул повеќе за мене како спортист. Со подршка од Федерацијата, мојот клуб Карате клубот Штип, каде што сум тренер, и мојата фамилија, се надевам на успех на Европското првенство во Монпелје-Франција“, порачува Жарко Арсовски.
Патот до репрезентацијата
На Државното првенство Несторовски беше прв, а Жарко втор.
На Светскиот куп Лашко- Жарко Арсовски (+84 кг), стигна до полуфиналето откако славеше над Бенјамин Нуркиќ –БиХ 1-0, Себастијан Будихна-Словенија 0-0, Миралем Манџука –БиХ 1-0, а во полуфиналето е поразен од Турчинот Зија Јашар 1-0. Во борбата за бронзениот медал загуби 1-0 од Алжирецот Мисипса Хамидини.
Карате 1 Премиер лига – Салзбург- Арсовски (Макпетрол) го освои бронзениот медал откако неговата борба со Харис Сујковиќ од (БиХ) заврши 1-1, со судиско изјаснување победата му беше доделена на него. Во полуфиналето беше совладан со судиско изјаснување од европскиот првак Слободан Битевиќ од Србија, а борбата заврши 0-0. Претходно Арсовски славеше против Илир Кабаши од Словачка со судиско изјаснување (0-0), Тарас Херчук (Украина) со 2-0, Данило Јекниќ (Србија) 0-0 победи на изјаснување.
Ipon.mk/В. Д.