Легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо почина на 88-годишна возраст.
Пред да стане ѕвезда во театарот и киното, тој се занимаваше со бокс, па дури и беше дел од француската репрезентација во средна категорија. Зад себе има и неколку титули на Франција.
За време на неговата филмска кариера повеќе од половина век, Французинот стана филмска легенда, глумејќи во филмови како „До неговиот последен здив“, „Чочарка“, „Лудиот Пиеро“, „Професионалец“. Повеќе од еднаш ги спои своите две омилени работи – филмот и бокс во разни филмови што ги сними.
Кога судбината го става на крстопат во која насока да оди, актерот избира целосно да се посвети на филмот пред боксот.
„Сакав бокс, но престанав затоа што сакав целосно да се посветам на филмот и театарот. За да станеш шампион, треба да се откажеш од се. Но, не бев подготвен за тоа“, рече Белмондо.
Како дете, исто така, тренираше велосипедизам и фудбал, а првите чекори во боксерската сала ги направи случајно. Жан-Пол беше проблематично и палаво дете. Честопати влегуваше во разни проблеми, завршувајќи со тепачки – трипати беше протеран од различни училишта.
Со цел да го пронајдат вистинскиот извор на енергија за нивниот син, родителите на идниот актер го запишуваат на бокс. Идол на Жан-Пол беше ѕвездата од средна категорија, Марсел Сердан.
Дури и во деновите на старост, Белмондо често се гледаше на боксерски натпревари. Во март 2012 година, во друштво на Рено, актерот го поддржа сонародникпт Жан-Марк Мормек во борбата против Владимир Кличко во Дизелдорф.
Пред да умре, Жан-Пол откри дека боксот му помогнал да се справи со тешкотиите што ги доживува:
„Спортот ме спаси повеќе во однос на мојата ментална состојба отколку физичката состојба. Тешкотиите бараат битки како боксот. Сакав да фрлам удари, но кога го промашував, морав да ја сменам тактиката и да се бранам“, откри Белмондо пред неговата смрт.
https://www.youtube.com/watch?v=UT2DdidyLAA