Жакар: Ќе почнам да губам, за да добијам шанса за титулата

Zakar

Бразилскиот борец Роналдо Соуза –Жакар и понатаму е многу разгневен од фактот дека се уште не добива шанса да се бори за титулата на УФЦ во средна категорија.

Во моментов Жакар се наоѓа под број 3 на рангирањето во дивизијата, но наместо него, можност да се сретне со шампионот Мајкал Биспинг доби Дан Хендерсон кој е под 13 позиција, што е парадоксално, при многу од навивачите не ја одобруваат одлуката на УФЦ.

Пред бразилските новинари Соуза изнесе интересен план преку кој би дошол до можноста да се бори за појасот. Имено, треба да почне да губи натпревари, што очигледно проработило во случајот на Дан Хендерсон.

„Навивачите не се согласуваат со оваа измислица. Тоа не е човек кој има право да се бори за појасот. Гледам на нашиот спорт како на Олимписките игри – ако се пласираме, значи ќе учествуваш. Сметам дека јас сум рангиран и треба да учествувам. Дан Хендерсон не е рангиран. Тој нема право на овој меч. Тоа ме прави тажен. Мислам и јас да изгубам неколку средби, за да видам дали ќе добијам право да се борам за појасот“.

Последната победа Жакар ја забележа со технички нокаут над Витор Белфорт на УФЦ 198, како многумина очекуваа дека токму против него Мајкал Биспинг ќе направи првата одбрана на титулата во средна категорија. Сепак, шефовите на УФЦ одлучија тоа да биде легендата Дан Хендерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON