Течат преговори за мечот на легендите Федор Емилијаненко и Тито Ортиз

fEdor so rusko zname pozadina

Легендите Федор Емилијаненко и Тито Ортиз може да се сретнат на меч во Белатор.

Тоа вели извор близок до раководството на Белатор. Тој потврдува дека разговори за сличен судир меѓу ветераните веќе се во полн ек.

Последанта победа Федор Емилијаненко ја забележа на контроверзен начин на поени против Фабио Малдонадо во Русија, кој може и да биде оквалификуван и како нерешен, откако бразилскиот борец ја обжали судиската одлука.

Иако претставување против Малдонадо беше млако, по средбата Федор даде уверување дека ќе продолжи да се бори. Сепак, многумина апелираа да се повлече, вклучувајќи и дел од неговите навивачи.

Во последните три средби Тито Ортиз во Белтаор, како 41-годишен борец забележа две победи и еден пораз. Последниот меч беше во септември 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО