Жаилтон Алмеида го предизвика Сирил Гане

Сирил Гане се обиде да направи борба за привремената титула со Том Аспинал, но Жаилтон Алмеида се вмеша.

Минатиот викенд во Њујорк Аспинал го нокаутира Сергеј Павлович. Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 295 и Том си замина со појасот. Сега тој ќе стане мета на предизвикувачите. Сирил не губеше време и веднаш фрли ракавицата на британската ѕвезда.

„Том, честитки! Ти сега си шампион и стана целта што ја бркам. Јас сум ловецот. Се гледаме наскоро!”, напиша Гане.

Аспинал оваа година сакаше да се бори со Гане во Франција, но тоа не се случи. Том веќе рече дека нема интерес за Сирил. Сепак, постои борец кој го сака Гане, а тоа е Алмеида.

„Имам лоши вести за тебе пријателе. Прво ќе треба да се сретнеш со мене!“ му напиша Алмеида на Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON