Овие денови боречките медиуми се полни со анализи на тема бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Секој има свое мислење за овој мега двобој кој ќе се одржи на 26 август. Едни сметаат дека мечот има многу смисла, додека другите се повеќе критични и дуелот го нарекуваат богохулење.
Одличен, многу краток и концизен коментар на целата работа на својот Фејсбук профил објави познатиот хрватски борец Зелг Галишиќ. И тој помина од еден во друг спорт; односно од таеквондо во слободна борба. Интересно, последниот меч го одработи спрема кик бокс парвилата.
Зелг на Фејсбук напиша:
„Сите како да заборавија дека првиот крос-овер беше пред 40 години, кога Мухамед Али отиде од боксот во ММА“.
При што го споделува видеото од средбата што се одржа на 26 јуни 1976 година во Токио, во кој според правилата на слободната борба се сретнаа светски боксерски шампион Мухамед Али и јапонската боречка икона Антонио Иноки.
Интересно е што во овој меч славниот боксер својот прв удар го фрли дури во седмата рунда, а вториот во десетата. Вкупно во целиот натпревар испрати точно 10 удари. По 15 рунди, судиите прогласи нерешен исход, иако на судиските листи иноки имаше три поени предност. Победата наводно го чинела казна за удирање со лакти, поради што е санкциониран со одземање на три бода. На крајот, сите беа задоволни: Али тврдеше дека Иноки мамел, а Јапонецот дека би победил без неоснованата казна.
Борбата од страна на публиката и критиката е доживеана како измама. Гледачите во Будокан арената фрлиа ѓубре во рингот и извикуваа: „Сакаме да ни ги вратите парите“… Се разбира, причината е недостатокот на акција. Али претежно бегаше, а Иноки во главно лежеше на подот сакајќи познати боксер да го навлече на борба во партер. Критичарите овој меч го нарекоа најголемиот срам во кариерата на Али.
https://youtu.be/QS79C1XEqBc
Во таа пресметка Мухмаед Али заработи и незгодна исекотина на ногата која се инфицира во текот на борбата. Последиците на незгодната повреда, наводно, ја чувствувал до карјот на животот. Историјата на боречкиот спорт вели дека ова е првиот историски меч спрема правилата на слободната борба, а Али го направи првото боксерско бегство во светот на ММА.