Завршуваат подготовките на Вардар за средбата со Црногорски соколи (ФОТО)

1057
Стојат од лево кон десно: Петре Чурлиновски - селектор, Лео Јовановски, Арсим Етеми, Јасин Лама, Александар Најдовски, Али Аземи и Јове Петревски-тренер; Клечат од лево кон десно: Ардијан Аземи, Бесим Реџепи, Оран Јашаровски, Алим Несуфи, Дамјан Талимче и Ален Рустемов.

Утре во Охрид завршуват 8-дневните подготовки на екипата/ репрезентацијата на Вардар за второто коло во Регионалната бокс лига што ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора, на 3 јули.

Овие подготовки се со цел да се избере составот на нашата екипа за средбата со Црногорски соколи во Подгорица.

На подготопвките под водство на селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Јове Петревски се: Лео Јовановски, Арсим Етеми, Јасин Лама, Александар Најдовски, Али Аземи, Ардијан Аземи, Бесим Реџепи, Оран Јашаровски, Алим Несуфи, Дамјан Талимче и Ален Рустемов.

„Задоволен сум од учинокот и залгањето на сите боксери. Го дадоа максиумумот извршувајќи ги поставените задачи“, вели селекторот Чурлиносвки.

Тој вели дека за мечот со Црногорски соколи во составот на Вардар ќе има повеќе македонски боксери. Како големи адути за нашиот состав се Ардијан Аземи и Александар Најдовски – Сканта.