Вчера во Штип завршија подготовките на борачите кои ќе учествуваат на Балканското првенство во У-15, У-17 и У-21 во Скопје од 3 до 6 октомври.
Борачите ја добија и опремата со која ќе настапат на Балканското првенство.
Од Федерацијата изразуваат голема благодарност до Министерството за спорт и Владата на Македонија дадената поддршката за реализација на БП, за кое велат дека е од огромно значење за афирмацијата на борењето и на нашата држава.