Заврши военото СП во борење, освоивме три бронзи, а забележавме една победа

svetsko-prvenstvo-borenje-voeno-sk

Заврши Светското воено првенство во борење во слободен, грчко-римски стил и женско борење, на кое учествуваа над 420 спортисти од 32 земји.

Македонија освои три бронзени медали, и тоа во женска конкуренција, а дури денес, Горан Атанасов ја оствари првата победа за нашата репрезентација против натпреварувач од Индија. Потоа во репасажот загуби од грчки борач и на карајот го освои 7 место.

Медалите за Македонија ги освоија: Маја Дејкоска, Александра Пешова и Елена Белинска.

Вашите спортски постигнувања, вашиот спортски дух и демонстрирани високи вредности на воена чест и гордост, како и вашата посветеност и поддршка го направија ова првенство и импресивно и успешно, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на свеченото затворање на 31. Светско воено првенство во борење во Скопје.

Тој посочи дека спортските натпревари, но и меѓусебното дружење и пријателства, се придонес кон подобар и побезбеден свет.

„Чест ни беше да бидеме ваши домаќини. Се надевам дека гостопримството на граѓаните на Република Македонија ќе го паметите целиот свој живот“, додаде Јолевски.

Полковникот Нелсон Лопез се заблагодари на домаќинот и организатор за беспрекорната организација на 31. Светско воено првенство во борење и како знак на благодарност додели медали од Меѓународната федерација на воени спортови на министерот Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Величковски, државниот секретар во Министерството за одбрана, Чуповска Ристова и директорот на ГШ на АРМ, генералот Петровски.

Армијата на Република Македонија, пак, додели значки за пријателство и соработка.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON