Заврши првиот ден од Државното првенство во бокс

Andrej Mitrov aperkat na drzavno 2015

Денес во Скопје се одржа Државното првенство во бокс (прв ден) за кадети, јуниори и сениори. Се одржаа вкупно пет борби во јуниорска и кадетска конкуренција.

Единствените полуфинални борби се одржаа во категоријата до 69 килограми за јуниори:

Ѓорги Трајковски (Шкупи) – Дарио Василевски (Фајтер)

Бојан Ангеловски (Баргала) – Лулзим Исмаили (Шкендија).

Утре во финалето ќе се сретнат Трајковски и Исмаили.

Резултати кадети-финале:

54 кг Сухејб Илари (Шкупи) – Шпенд Гафури (Шкендија)

57 кг Марко Стојаноски (Универзалци) – Нелчи Беслими (Тернипе)

Јуниори-финале:

81 кг Серхан Џафероски (Ас) – Андреј Митров (Аперкат)

Јуниорското финале, според присутните во салата на ФФК, беше најдобра на денешната програма.

Речиси сите борби завршија со судиска одлука (болдираните имиња се победници), освен меѓу Трајковски и Василевски, која заврши со прекин во третата рунда.

За жал, за боксерите на БК Шкупи Јасин Лама, Идриз Бислими и Зеќир Ламалари немаше противници.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON