Даниел Дубоа го нокаутира Ентони Џошуа на „Вембли“ на крајот од рундата и на тој начин ја одбрани светската титула на ИБФ во тешка категорија. „Динамитот“ би требало повторно да го брани појасот во февруари, на настан во Ријад, но се уште не се знае кој ќе му биде противник на евентуалниот меч. Се чини дека „Еј Џеј“ отпадна од комбинациите за реванш, како потенцијални алтернативи се споменуваат Џозеф Паркер, Фабио Вардли и Жлиеј Жанг, а од петокот во приказната влезе и Мартин Баколе.
Впрочем, промоторот на Баколе, Бен Шалом, во последното појавување во јавноста истакна дека тешкашот од Конго е подготвен да скокне како следен противник за шампионот на ИБФ.
„Баколе е подготвен за борба со Дубоа. Ако Даниел бара противник за февруари, Мартин е подготвен да скокне“, изјави првиот човек на компанијата за промоција „Боксер“ во интервју за „Скај спортс“ и децидно додаде: „Тој е иднината на тешката категорија. Тој се приближува до можноста да ја нападне светската титула, а штом ќе ја добие, ништо нема да може да го запре. Ќе го претепа Дубоа, а потоа да ги обедини сите титули во дивизијата“.
Да потсетиме, Баколе во последниот настап, на почетокот на август, го нокаутира Џеред Андерсон и ја потврди репутацијата на еден од најопасните, но и најизбегнуваните боксери на кралската дивизија. Откако доминираше со најголемата надеж на американскиот бокс во Лос Анџелес, акциите на Баколе значително пораснаа, а набрзо дојде наредбата на ИБФ да ги вкрстат ракавиците со Агит Кабајел во „елиминациски меч за титулата“, односно меч што ќе произведе задолжителен предизвикувач за титулата. токму во сопственост на Дубоа. Крајниот рок за преговори за борбата Баколе-Кабајел е 14 ноември.
Според тоа, Баколе како четвртопласиран на ИБФ рангирањето, прво треба да го одработи мечот со Кабајел, кој е на позицијата пред него (3.), па дури потоа, во случај на победа, може да оди кај Дубоа.
„Титулата на ИБФ е неговиот фокус. Следната борба ќе се бори со Кабајел за статусот задолжителен предизвикувач. Откако ќе ја освои титулата на ИБФ, доаѓа по сите појаси“, заклучи Шалом.