Заради допинг двајца борачи се олимписки шампиони во една категорија

Русинот Билал Махов и Иранeцот Комеил Гасеми станаа олимписки шампиони во борење во една категорија на Игрите во Лондон 2012 година, откако двајцата пред нив во беа позитивни на допинг-тетсот.

Билал Махов и Комеил Гасеми загубија во полуфиналето во категоријата до 120 килограми во слободен стил од Давид Модзаманашвили (Грузија) и Артур Таимазов (Узбекистан). Во финалето Таимазов го совлада Грузиецот и го освои олимпискиот златен медал.

Во 2019 година и двајцата финалисти на тестирњето беа позитивни, откако нивните примероци беа отворени и тестирани со нови технологии. Сега примероците се тестирани повторно и повторно е пронајдено присуство на забранети препарати.

По ваквата ситуација и двајцата финалисти беа дисквалификувани, а МОК ги прогласи Махов и Гасеми за олимписки шампиони. За прв пат во историјата на олимписките турнири во борење, прогласени се двајца олимписки шампиони во една категорија.

Има и нови бронзени медалисти и тие се Даулет Шабанбај од Казахстан и Тервел Длагнев (САД).

Гасеми има сребро од Рио де Жанеиро во 2016 година, како и сребро од Светското првенство во 2014 година во Ташкент. Махов е трикратен светски шампион од 2007, 2009 и 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON