Кубрат Пулев му е одземена лиценцата поради проблемите кои си ги направи сам. Тој ја бакна Џени Суше по победата над Богдан Дину, а таа одлучи да ја искористи ситуацијата и да го тужи. Нејзинта адвокатка, Глорија Алред, побарала да му биде одземена лиценцата наПулев и Калифорниската атлетска комисија го направила тоа.
Еве што изјавија од комисијата.
„Атлетска комисија на Калифорнија управува со натпревари во кои луѓето од секој пол се почитуваат како натпреварувачи, новинари и навивачи. За нас овој инцидент е сериозен. Пред да добие лиценца за повторно да се бори во Калифорнија, боксерот Кубрат Пулев треба да се појави пред комисијата и да покаже дека се придржува до овие принципи на почит“.