
Омер Мемеди освои златен, а Трим Исмаили и Мухамед Весели бронзени медали на Меѓународниот турнир во борење во Бордо, Франција.

Омер Мемеди, со убедлива победа, беше прогласен за победник во категоријата 97 кг и го освои златниот медал.
Трим Исмаили, со три победи и еден пораз, се пласираше на третото место и освои бронзен медал.
Мухамед Весели исто така освои бронзен медал со три победи и еден пораз.

„Треба да се нагласи дека во борбата за финале имаше погрешна одлука од страна на судиите“, вели тренерот Артан Реџепи кој предводеше одбраната екипа на овој турнир и додаде:

„Горд сум на овие момчиња кои покажаа високо ниво во борење и дисциплина. Многу сум задоволен од настапот и борбите што ги покажаа. Се надевам дека ова ќе биде мотивација за нив да продолжат да тренираат уште повеќе и да се подготвуваат за идните меѓународни натпревари“.



