Заим Дехари од Тетово на 29 мај настапува на „Австрија опен“ во Виена во дисциплината К-1 во категоријата до 81 килограм.
„Подготвен сум и се разбира дека очекувам победа. Немам информаци за мојот противник, бидејќи ќе настапуваат од многу држави и има многу натпреварувачи, а, во суштина, противникот ќе се одреди по мерењето. Тоа го одредува комисија. Турнирот го организаира Светската кик бокс федерација и турнирот ќе биде во форми, семи контакт, лијат контакт и К-1“, истакнува Дехари.
Заим до сега се борел во дисциплината лоу кик до 80 кг, а сега ќе си ги испроба силите во К-1. Тој од 2003 година се занимава со кик бокс во Кик бокс клубот Тетово кај тренерот Тони Здравковиќ. Сега во клубот е заменик тренер и е еден од најуспешните кикбоксери во Тетово и западниот дел на Македонија, воедно и најстар член во клубот.
„Имам многу борби во кикбоксот. Некои се на турнирите кои со мојот тренер ги организиравме ние. Секоја година имаме Сојуз на кик бокс во Македонија. Се имам борено скоро во секој град во Македонија од 2006 година до ден-денеска. Имам многу победи, последната борба ми беше во Прилеп на „Прилеп фајт најт“, каде што во втората рунда се повредив и ја прекинав борбата. Турнирот беше организиран од Светската кик бокс федерација. Се подготвував и во Бугарија, а едно време и тренирав. Зад мене се и многубројни семинари за кик бокс“, вели Заим.
Ipon.mk/В. Д.