„Заедно посилни” – Сеишин со Санкаку и Прилеп го одбележаа Светскиот ден на џудото

Сеишин по повод Светскиот ден на џудото со пригоден настан го одбележа големиот џудо празник.

Годинава денот се одбележа под мотото „Заедно посилни” и согласно тоа организаторот Сеишин ги покани и двата градски клуба од Прилеп, Санкаку и Прилеп на заеднички празничен тренинг и заедничка прослава.

Покрај нив на покана на Сеишин присуствуваа и џудо ветераните од Прилеп (едни од првите џудисти во градот) на чело со претседателот на иницијативниот одбор на џудо ветераните и селектор на ветеранската селекција на Македонија, Киро Здравески.

Сите учесници се добија официјална  Диплома за учество издадена од Интернационалната џудо Федерација.

Настанот беше организиран на отворено (парк на Могила на непобедените во Прилеп) согласно актуелните  протоколи за заштита од Ковид 19.

Да се пофалиме, како веб-сајт и ние добивме признание, вклучувајќи се активно во одбележувањето на Светскиот ден на џудото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON