Дел од македонските таеквондо репрезентативци денеска во Дупница, Бугарија, учествуваше на заеднички тренизи (два) со голем дел од бугарскиот национален тим во сите старосни категории, а на тренинзите исклучиво се работеле борби. До соработката дојде по покана Бугарската таеквондо федерација.
„Поминавне одлично, супер ни дојде на крај од првиот дел на базичните подготовки за оваа година,однонсо малку да поработиме таеквондо со одличните бугарски борци кои во 2017 година имаа неколку медали од Светско и Европско првенство“, велат од таборот на Македонската таеквондо федерација (МТФ).
Договорено е следна средба од ваков тип да биде во Скопје, а тоа ќе биде конкретизирано деновиве…
Од МТФ потенцираат дека имаат одлична соработка со Бугарската федерација и се надеваат дека таа соработка ќе биде на уште повисоко ниво.