Заборски: Мојсовска напредува светската ранг листа по Париз, да се престроиме и да се професионализираме, ако сакаме да бидеме конкурентни на овие лига натпревари

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, се осврна на настапот на седумте каратисти од неговиот клуб на првиот турнир од светската Карате1 Премиер лига Париз, истакнувајќи дека сите спортисти останале без пласман, губејќи ги борбите во првото или второто коло.

„Најголем резултат постигна каратистката Анѓела Мојсовска која официјално се пласира на 9 –тото место. Таа со овој резултат ќе ја подобри својата позиција на светската ранг листа, бидејќи остварените победи и пласманот на 9-тото место носи дополнително бодови за подобрување на нејзината ранг листа“, потенцира Заборски.

Во продолжение тренерот на Макпетрол го објаснува настапот на неговите каратисти.

„Анѓела Мојсовска (-68 кг) во првото коло се сретна со најдобрата каратистка од Грција Василики Панетсидоу и ја победи со резултат 8-5, во второто коло ја совлада Маделине Сроетер од Германија со резултат 7-0, во третото коло загуби од Јапонката Сомеја Кајо со резултат 0-5, бидејќи Јапонката подоцна  влезе во финале, Анѓела доби шанса во репасажните борби да се бори за бронзениот медал. Во првата репасажна борба таа загуби од Исаева Викторија од Русија со резултат 1-8, и на крајот заврши како девето рангирана на овој силен светски турнир“, вели Заборски и додава:

„Добри борби прикажа и нашата Наташа Стефановска (-61кг). Таа во првото коло извојува брилијантна победа со Бразилката Сантос Ерика победи со резултат 5-3, во второто коло немаше спортска среќа и загуби со 0-1, од Иранката Алесади Схима, Иранската спортистка стигна до полуфиналето, но не успеа да влезе во финалната борба и Наташа да добие шанса во репасажните борби да направи нешто повеќе“.

Останатите претрпеле порази во првото коло. Тој нагласува дека сите турнири од Премиер лигата се бодуваат за Олмписките игри во Токио 2020, а во секоја категорија се 64 најдобри на светската ранг листа на ВКФ.  Во Париз учествуваа 776 натпреварувачи од 82 држава.

„На овој турнир заминавме со седум спортисти/ки кои се рангирани меѓу првите 50 и 100, во своите тежински категории. Турнирот на Париз опен преставуваше прв турнир од Карате 1 Премиер лигата, со што започна новата сезона за соприбирање на бодови кои се одлучувачки за настапување на олимпијадата во Токио 2020 година. Тоа што можевме да забележиме е дека конкуренцијата е се поголема и сите држави продолжуваат  многу сериозно да се подготвуваат за што подобар пласман и рејтинг. Генерален заклучок е дека ние мора да се престроиме и да се професионализираме ако сакаме да бидеме конкурентни на овие лига натпревари кои се посилни и од официјалното светско првенство. Се надеваме дека на следниот настап, кој е во втората недела на месец февруари во Дубаи, ќе имаме подобри резултати заврши“, заклучи Заборски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON