Елмадин Сејфулаху во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во борење за кадети, во Суботица, Србија,со репрезентативецот на Молдавија, Јон Солита, се бореше нерешено 5-5, но поради четири освоени поени во една акција победата му припадна на противникот.
Можеме да жалиме за медалот, но во секој случај, Сејфулаху засужува честитки за прикажаните борби.
Сејфулаху уште еднаш го потврди квалитетот. Тој претходно забележа три победи и еден пораз. По победите над Германец и Унгарец, Себастијан Шмит и Балаш Егијед, во четвртфиналето македонскиот борач загуби од турскиот претставник, Цабар Дујум, со 9-4, кој се пласира во финалето во категоријата до 54 килограми. Со тоа му овозможи на Сејфулаху да ги продолжи средбите на ЕП.
Во четвртото коло, Сејфулаху со 10-0, го совлада претставникот на Франција,Софијан Камер.
ipon.mk/В.Д.