За трите медали борачите пречекани со зурли и тапани на „Александар Велики“ (ФОТО/ВИДЕО)

Борачите се пречекани со зурли тапани на аеродромот „Александар Велики“ по успехот на Балканското првенство за јуниори во Бурса, Турција, освојувањето на три медали – две сребра и една бронза.

Сребрените медали ги освоија Елмедин Сејфулаху и Минир Реџепи, а бронзата Рамадан Реџеповски, што е еден од поголемите успеси во  последно време.

„Со сребрените медалисти од Балканското првенство за јуниори. Со надежите на нашето борење. Со борачите кои не наградија за нашата макотрпна работа оваа година. Со тие кои ја направија првата искра за враќање на борењето таму каде што и му е местото. Заедно со нив и сите наши поддржувачи, следната година и следните години, целиме кон слични достигнувања и медали од Европските и Светските првенства“, напиша по овој повод и  пречекот на освојувачите на медалите на својот ФБ профил претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези.

https://www.facebook.com/bunjaminn.ebipi/videos/528746730811080/

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON