Војната на браќата Емилијаненко продолжува: Не требаше да се борам со Кро Кап, но тогаш Федор не беше подготвен за него!

Веќе подолго време познатата приказна дека односите меѓу Федор Емилијаненко и неговиот брат Александар се сериозно нарушени, но тие двајцата никогаш како последните неколку дена во медиумите не ги искжувале разликите.

Да потсетиме, откако Александар во неколку наврати упати критики на Федор и луѓето околу него, постариот и попознат брат со подолго писмо одговори на обвиненијата.

„Обично не ги коментира изјавите на другите, но тука не можам да молчам. Ова е мојот прв и последен одговор. Имам премногу достоинство за константно да одговарам на твоите лаги. Најлошото е што луѓето околу мене и членовите на нашето семејство ги нарече подлизурковци. Всушност, ти си еден предавник, Јуда. Жал ми е за луѓето кои ти беа блиски и кои ти беа оддршка кога ти беше најтешко, сега мора да патат. На мене може да ми кажеш што го сакаш, но не ги замешувај со оние што ги сакам“, се наведува меѓу другото во отвореното писмо на Федор.

За да не остане последен зборот на Федор, Александар набрзо се договори со новинарите на порталот Sovsport.ru.

„Апсолутно не сум изненаден од неговата реакција“, рече помладиот брат и продолжи:

„Всушност, задоволен сум со неа. Ова писмо конечно се покажа во вистинско издание и сите видоа дека срањето во овој човек е потешко од него самиот. Тој не кажа ништо ново за мене, ништо што ќе ме шокира. Ме нарече Јуда, и кој е тогаш тој? Исус Христос?“

„Под честа ми е да го изнесувам неговиот валкан веш. Знам се за неговите студентски денови и за служењето во војската, но не сакам да зборувам за тоа“, загодочно се запре Александар.

Тема на разговорот беше и Вадим Финкелштајн, долгогодишниот менаџер на Федор, за кого Алекс тврди дека никогаш не го поддржувал, додека Федор имаше нешто поинаква приказна.

„Тој не направи ништо посебно за мене“, повторно нагласи помладиот брат, додавајќи дека Финкелштај всушност и не бил толку успешен во организацијата на борбите.

„Кога сам би организирал борба, тој не би успеал да го покрие изнајмувањето, а со мене ги пополнеше стадионите“.

Темата повторно беше и битката од 2004 година кога Алекс беше тешко нокаутиран од Мирко Филиповиќ. Рускиот борец во оваа прилика уште еднаш повтори дека е принуден на борбата против Кро Кап, но сега изнесе неколку нови детали.

„Не требаше да се борам против Филиповиќ. За тоа веќе зборував во претходното интервју. Прашајте  го Финкелштајн. Дури и тој ќе потврди дека во тој момент Феда (како што го вика Алекс Федор – н.з.) не беше подготвен да се бори со него. Кога се подготвуваше за Хрватот, отиде во Холандија. Ниту Воронов ниту Мичков не го подготвуваа. За таа борба го тренираше холандски стручњак. Некое време бев таму со него, беше и Зенцов. Всушност, го подготвувавме и потоа ја одложивме борбата“, открива Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО