За татко му на Нурмагомедов се чекаат резултатите од тестот за коронавирус

УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов преживува семејна драма откако неговиот татко и тренер Александар е хоспитализиран во болница поради воспаление на белите дробови, а постои голема шанса тој да е позитивен на коронавирус.

Абдулманап Нурмагомедов претходните два дена ги поминал на планина шетајќи, а пријателите едвај го убедиле да отиде во болница.

„Тој се наоѓа во болница, се разболе на планина. Шеташе два дена, браќата едвај го убедија да оди во болница. Коронавирусот се уште не е потврден, но никој не смее да го посети. Се разболеа и бројни борци со кои тој се дружи“, открива добро упатен извор во целата ситуација.

Хабиб во моментов е во родниот Дагетсан, а кога ќе помине пандемијата со коронавирусот би требало да се бори со Тони Фергусон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО