Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на седницата одржана на 18 септември донесе одлука поради ограничените средства на Светското првенство во Мадрид на репрезентативците да и ги покрие само патот и котизацијата, додека сместувањето во хотел од 04 до 11 ноември да го покријат клубовите на натпреварувачите кои обезбедија норма за настап.
Тоа значи дека секој клуб ќе треба да плати по 455 евра за еден натпреварувач, односно по 65 евра за ден.
Да потсетиме дека изминатиов викенд кандидатите за состав на репрезентацијата за СП настапија на Карате 1 Премиер лигата во Берлин – Германија, со сите платени трошоци од КФМ. По малку е чудно да се направи превид и да нема пари за СП кое е најзначајно натпреварување во оваа година, а од Светскиот шампионат почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020.
Инаку на Светското првенство во Мадрид ќе патуваат:
- Бесник Мурати – шеф на делегација
- Горан Милковски – делегат на конгресот на СКФ
- Ѓоре Дервишов – лекар
- Сашко Арсовски – тренер на државната репрезентација во борби
- Стојан Андриевски – тренер на државната репрезентација за кати
- Сара Радичевска – 50 кг
- Јована Георгиева – 55 кг
- Наташа Стефановска – 61 кг
- Моника Стефановска -68 кг
- Николина Милорадовска +68 к.
- Пулексенија Јованоска – кати
- Емил Павлов – 60кг.
- Давид Петков – 67 кг
- Азиз Исмаил – -75кг.
- Берат Јакупи – 84кг.
- Мартин Несторовски + 84 кг
- Ферри Исиќ – ката
- Жарко Арсовски – екипно борби
- Петар Заборски – екипно борби
Женската екипа ќе биде составена од натпреварувачките во поединечна конкуренција.