За прв пат по 8 години: Конор Мек Грегор испадна од ранг-листата на УФЦ

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор не влезе во октагонот на УФЦ по инцидентот против Дастин Пориер, кога се здоби со тешка скршеница на ногата и беше изнесен на носилки. Тој се закани дека ќе се одмазди, но оттогаш поминаа месеци бидејќи борецот гради мускули и лајкови на Фејсбук, а социјалните мрежи му беа главната алатка да покаже колку ги сака забавите, вискито што го создаде и прекрасните глетки од јахтата. 

Нормално, сето тоа влијае на пласманот на поранешниот двократен шампион. Мек Грегор испадна од ранг-листата на УФЦ за прв пат по 8 години.

Борецот последен пат беше рангиран на 14-то место во дивизијата од 155 фунти на организацијата. Неговата елиминација е првпат откако влезе во октагонот во август 2013 година. Ирецот потоа го победи Макс Ховеј на УФЦ Фајт најт 26 што го рангираше на 12-тото место во дивизијата.

Мек Грегор има биланс од 22 победи и 6 порази. Во последните години двапати загуби од Дастин Пориер и еднаш од Хабиб Нурмагомедов. „Мистик Мек“ дебитираше и во професионалниот бокс, каде загуби со технички нокаут од легендата Флојд Мејведер – Јуниор, но заработи исклучително висок хонорар. Во едно неодамнешно интервју претседателот на УФЦ, Дана Вајт, коментираше дека доколку Конор се врати во 2023 година, најлогичен противник ќе му биде Мајкл Чендлер. Мајк ја загуби последната борба со гушење од Пориер, но останува еден од најопасните, експлозивните и најмоќните борци во категоријата. Сепак, ова очигледно не му пречи на опасниот напаѓач, кој не престанува да се забавува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON