За крајот на годината: Леон Едвардс и Хамзат Чимаев договорија пресметка

Судирот меѓу Леон Едвардс и Хамзат Чимаев е официјално потврден и тој ќе го предводи настанот УФЦ Фајт најт во Лас Вегас на 19 декември.

Едвардс има осум победи по ред и е рангиран на третото место во велтер категорија на ранг-листата на предизвикувачи во УФЦ.

Последната борба ја имаше на 20 јули минатата година кога го победи Рафаел дос Анчос.

Чимаев е шведски државјанин роден во Чеченија и дури неодамна влезе во списокот на УФЦ.

Ова лето пристигна во најсилната светска ММА организација и за три месеци извојува три победи со прекин против Џон Филипс, Рис Мек Ки и Џералд Мершарт.

Во моментов е 15-ти борец на ранг-листата во велтер категорија. Борбата со Британцот ќе биде неговиот прв голем предизвик во УФЦ и обидот да се потврди статусот на нова ѕвезда. Со победа ќе влезе во потесниот круг на предизвикувачи.

На настанот УФЦ Фајт најт ќе има уште интересни борби меѓу Стефан Томпсон и Џеоф Нил, Марлон Мораеш против Роб Фонт и Жозе Алдо против Марлон Вера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON