За Фјури 80 отсто од приходите, а 20 за Дилиен Вајт од нивната пресметка

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, ќе ја брани шампионската титула против Дилиен Вајт.

Промоторот на „Кралот на Ромите“, Френк Ворен, изјави дека борбата се планира за месец март наредната година на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф со капацитет од 75.000 гледачи.

Ворен наведува дека поделбата на приходите од овој спекткл ќе биде 80 отсто во корист на Фјури, а преостантите 20 проценти за Вајт, но преговорите на двта тима се уште се во почетна фаза.

Пред неколку недели ВБЦ ја донесе одлуката според која 33 – годишниот Дилиен Вајт мора да биде нареден предизвикувач на Фјури, на кого ова ќе му биде втора одбрана на шампионскиот појас.

Фјури титулата ја осови во февруари минатата година кога со нокаут славеше над Американецот Дионтеј Вајлдер. Потоа боксерот од Манчестер го одбрани шампионскиот појас во октомври годинава, повторно против „Бронзениот бомбардер“.

Фјури во професионалниот бокс има 31 победа од кои 22 со нокаут и едно реми. Вајт последен пат во  рингот беше во март годинава кога со технички нокаут му се реваншира на Русинот Александар Поветкин за поразот кој му го нанесе во август минатата година. Потоа боксерот роден во Јамајка требаше да се бори во октомври со Швеѓанецот Ото Валин, но Валин заради повреда  мораше да се повлече од оваа борба. Неговиот скор во професионланиот бокс  е 28 победи, 19 со нокаут и два порази од Ентони Џошуа и Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON