На 18 и 19 јули се одржува Европското првенство во борење на плажа (песок) за у-15, У-17 и У-20 и Светската серија во борење на плажа за сениори во Темишвар, Романија, а БК Вардар доброволно нуди борачи за учество на ова првенство.
Вардар за учество ги нуди Анстасија Трајчева (-55 кг) во У-15 и Кирил Сичков во У-20, при што клубот ќе ги сноси сите трошоци.
Иако од канцеларијата на Федерацијата за борење на Македонија ни рекоа дека има расположение нашата земја за прв пат да биде претставена на вакво првенство, роковите се немилосрдни, ако до утре не се пријават од страна на ФБРСМ, тогаш се ќе остане желба. До објавувањето не добивме информација дали се пријавени.