За џудистите на Санкаку три одличја на „Прилеп град херој 2022 – Цевитана куп“

На Меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој 2022 – Цевитана куп“, што се одржа изминатиов викенд Санкаку од Прилеп на домашен терен освои 3  медали, а настапи со 6 натпреварувачи.

Медалите ги освоија:

1.Јана Ангелески – златен
2.Софија Ѓорѓиеска – сребрен
3.Матеја Николоска – бронзен

Во Санкаку се задоволни со остварените резултати на ваков силен турнир со оглед на фактот дека е еден од најмладите клубови.

На турнирот учестваа вкупно 385 натпреварувачи од 43 клубови од 7 држави: Македонија (14 клубови), Грција (11 клубови), Црна Гора (6 клубови), Србија (4 клубови), Бугарија (4 клубови), Албанија (2 клубови) и Косово ( 2 клубови).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON