Федор. Тоа е името што неодамна се појави во насловите на медиумите. Легендарниот борец се враќа во ММА, но се уште не се знае каде и против кого.
Откако Русинот објави дека ќе се врати на активните натпревари сите погодуваме во чиј кафез ќе го видиме. Можеме да го отпишеме Белатор, бидејќи Скот Кокер изјави дека не преговарал со Федор и дека нема такви планови.
Еве што рече „The Last Emperor“ за време на настан во Русија, на која беше гостин.
„Не можам да кажам точно, но се водат преговори со големите организации. Во следните две или три недели се ќе биде јасно“.
Но, пред неколку дена се појавија сигнали на Твитер дека ќе попише за УФЦ од него и од Дана Вајт. Сепак, таа информација беше демантирана.