На 22 и 23 октомври се одржа Интернационален натпревар во џудо во Саутенд-Англија.
На овој натпревар учествуваа тројца натпреварувачи од Македонија од ЏК Пролетер – Прилеп, Борче Ангелов, Никола Велески и Владимир Стојаноски.
„Тројцата се покажаа во одлично издание во сениорска конкуренција Никола освои бронзен медал, Борче сребрен, додека на Владимир му фалеше повеќе среќа и концентрација за да стигне до некое од одличјата.
Борче исто така се бореше во јуниорска конкиренција при што прикажа одлични борби и победи 5 противници, освојуваќи го златниот медал“, вели тренерот Александар Димитријоски.
Ова беше првиот контролен натпревар во Англија, веќе од понеделник џудистите ќе тренираат во тренинг базата на Велика Британија во Камберли.
На натпреварот учествуваа околу 870 натпреварувачи од 20 земји меѓу кои беа: Италија, Франција, Шпанија, Грција, Кипар, Алжир, Белгија, Шведска, Норвешка, Ирска, Шкотска, Велс и Македонија.
https://youtu.be/_zOQ3-RzVpc
https://youtu.be/Bv2y6GgWUpo
https://youtu.be/ae_92TliHRw
https://youtu.be/8pW1Zfx7R8k
https://youtu.be/fiGnEmzfcrw
https://youtu.be/n9IdYMg6InI
Ipon.mk/В.Д.